Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди дека неуспех во спасувањето на Кипар може да испрати „лоши бранови“ во целата еврозона.
– Ако не му помогнеме на Кипар, зејата неминовно ќе се соочи со банкрот, рече Шојбле при отворањето на парламентарната дебата пред гласањето за меѓународниот план за спас за островската држава.
Тоа ќе создаде ризик од ширење на заразата и до други земји во центарот на должничката криза во еврозоната, истакна тој.
– Поддршката за Кипар е неопходна, за да се гарантира стабилноста и ефикасноста на целата еврозона, рече Шојбле.