Во Јужна Кореја од јуни задолжително носење маски во јавен превоз и такси

Од:

Од јужнокорејските граѓани ќе се бара да носат заштитни маски во такси возилата и јавниот превоз, почнувајќи од следниот вторник. Истата мерка ќе се применува на сите домашни и меѓународни летови од следната среда, соопшти Министерството за здравство.

Почнувајќи од јуни, сите сопственици на високоризични објекти за пренос на вирусот, како што се барови, клубови, фитнес центри и концертни сали, ќе треба да користат QR код од паметни телефони за да ги регистрираат клиентите, така што надлежните ќе можат полесно да ги следат кога ќе се појави инфекција.

Почитувањето на задолжителното носење заштитни маски во јавниот превоз ќе го контролираат возачите на автобуси и вработените во метроата, ​​додека таксистите ќе можат да одбијат да превезуваат патници кои не го почитуваат ова правило.
Клиентите кои одбиваат да го скенираат QR кодот на влезот на местото за забава, треба да ги испишат своите лични информации рачно.

Во Јужна Кореја, 11.206 лица се заразени со вирусот од почетокот на епидемијата, додека 267 пациенти починаа. Во последно време, најголем број на нови инфекции се пријавени во Сеул, каде околу 200 случаи се поврзани со ноќни клубови и други места за забава.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски