А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Нова лидерска средба може да се одржи најдоцна до крајот на мај

by А1он23/05/2020 - 16:22367
Share0

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на одговор на новинарско прашање соопшти дека нема директна комуникација со лидерот на опозицијата и дека верува во блиска иднина дека ќе се одржи таква средба, заради тоа што можноста за одржување на лидерска средба навистина е до истекот на вонредната состојба. Кога ќе помине вонредната состојба останува неизвесноста дали ќе има нова или не, рече лидерот на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Заев, се што може да се направи на планот околу договор е до 30 мај и доколку нема прогласување нова вонредна состојба од 31 мај почнуваат да течат 22 преостанати денови од изборните рокови за да се одржат изборите на 21 јуни.

Прашан дали се уште останува на изборите да се одржат на 21 јуни или пак е можен некаков компромис доколку Комисијата за заразни болести смета дека е премногу рано, Заев одговори доколку здравствените власти и здравствените експерти кажат дека е премногу рано, тогаш таа одлука ќе се почитува до крај.

Тој додаде дека СДСМ сака да постигне договор со опозицијата и со сите учесници на изборите.

Следете a1on на Youtube YouTube

-Досега постигнавме договор од тоа дали треба да одиме на избори, до датумот на изборите, распуштањето на парламентот, сите заедно поднесовме кандидатски листи, листите се прифатени од ДИК, завршено е жребувањето и сето тоа е завршено. Треба да се дозавршат преостанатите 22 денови. Остануваме отворени се додека можеме, а тоа е 30 мај, до завршувањето на вонредната состојба и доколку нема нова вонредна состојба не зависи од Заев, Ахмети или Гаши, кои сме владеачки партии, не зависи од нас, зашто се работи за устав и закон. Уставот и законот мора да бидат испочитувани, бидејќи во демократска држава тоа е приоритет. И доколку не се испочитувани било кој граѓанин може да ги предизвика пред Уставниот суд и резулатите од изборите и нашата изборна победа. Се што ќе правиме е во рамките на уставот и законот, рече Заев одговарајќи на новинарск прашање.

Тој уште еднаш апелираше за трезвеност и да се прифати одговорноста од страна на опозицијата и да се постигне договор изборите да се одржат во најбрзо можно време, односно пред почетокот на летото.

izborisdsmZaev

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

Горан Наумовски26/08/2026 - 10:51

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 09:2326/08/2026 - 09:35

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Горан Наумовски24/08/2026 - 18:15

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

Горан Наумовски21/08/2026 - 10:34

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски21/08/2026 - 07:5521/08/2026 - 07:57

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Горан Наумовски20/08/2026 - 21:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео