Кавани е подготвен за голем компромис, за да остане во ПСЖ

Од:

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани едвај чека да потпише нов договор со клубот. Уругвајскиот репрезентативец прими неколку понуди од клубови кои сакаат да го привлечат како слободен агент по завршувањето на сезоната. Сепак, тој претпочита да го продолжи договорот со парижаните.

„Екип“ пишува дека Кавани е подготвен да ја намали својата плата за 40 отсто за да остане на „Парк де Пренс“. Тој добива 16 милиони евра годишно, а Интер му нуди 5 милиони по сезона да го засили тимот.

За време на тековната кампања, напаѓачот забележа 22 натпревари и 7 гола на сите турнири.

Сепак, тој беше измачуван од повредите и го загуби стартното место во ПСЖ на штета на Мауро Икарди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска