Десетици училишта во Ј. Кореја повторно затворени поради ученици заразени со коронавирусот

Од:

Училиштата во јужнокорејскиот град Инчон повторно се затворени откако двајца ученици биле позитивни на коронавирусот.

Десетици училишта во градот западно од Сеул повторно се затворени, само еден ден откако беа отворени.

Училиштата во кои учеле заразените ученици веднаш ја откажале наставата, а 66 училишта во градот биле отворени и затворени во рок од два часа, како мерка на претпазливост сè додека не заврши потрагата по нивните контакти.

За овие случаи се верува дека се поврзани со неодамнешното ширење на заразата во ноќните клубови во Сеул.

Досега се пријавени вкупно 196 случаи на коронавирус поврзани со кластерот на ноќните клубови.

Датумите за повторно отворање на училиштето сè уште не се објавени.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски