ВИДЕО: Пазарните инспектори затвориле 14 угостителски објекти и поднеле две кривични пријави

Од:

За седум денови, односно од 12 до 18 мај, пазарните инспектори затвориле 14 угостителски објекти, а за еден од нив со седиште во Струмица, како и за хостел во Скопје, поднеле и кривична пријава. Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, кажа дека Државниот пазарен инспекторат извршил 1566 контроли, при што, констатира дека во главно фирмите ги почитуваат уредбите на Владата кои треба да го спречат ширењето на коронавирусот.

„Државниот пазарен инспекторат затворил 14 угостителски објекти, од кои 12 се во Тетово, 1 во Охрид, 1 во Струмица за кој е поднесена и кривична пријава. Исто така, кривична пријава е поднесена и за хостел во Скопје. Утврдени се и дополнително пет прекршоци од кои едниот е за непочитување на уредба од страна на банка, а останатите се за неносење на лична опрема и непочитување на замрзнатите цени“, кажа Филиповска-Грашкоска.

Инспекторатот за труд направил 682 надзори кај работодавачи, а донел 15 решенија и 42 укажувања за фирми кои не постапиле согласно препораките на Владата.

„Постапувајќи по препораката за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени или хронично билни лица, Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на своите вработени од коронавирусот“, додава претседателката на Инспекцискиот совет.

Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 195 надзори во повеќе градови и различни видови субјекти, при што инспекторите изрекле 12 решенија поради неспроведување на контрола на штетници и заштита од нив, поради лоши хигиенски услови, а изречени се и осум казнени мерки едукација, поради не примена на заштитните мерки за заштита од коронавирусот, не водење евиденција за хигиенска пракса и неправилно означување на производите.

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8 отсто

Горан Наумовски

Зголемени цените на угостителските услуги

За 0,5 отсто поскапеле угостителските услуги во ноември во однос на октомври

Ана Ололовска

Зголемени цените на угостителските услуги во октомври

Ана Ололовска

Бизнисот бара ревидирање на мерките

Ана Ололовска