Вкупниот број патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2020 година изнесува 16.492.000 што во однос на истиот период лани е намалување за 17 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 16,9 отсто, во приградскиот превоз за 16,3, во меѓуградскиот превоз за 19,6, а во меѓународниот превоз за 33,2 отсто.
Според статистиката, во првото тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 25,7 проценти. Бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 4,1 отсто, во приградскиот за 40,8, во меѓуградскиот за 20,1 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 30,5 проценти.