Курц најави контрапредлог на планот на Меркел и Макрон за економијата на ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави дека ќе претстави поинаков предлог за обновување на економијата на ЕУ од оној договорен меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Во изјава за весникот „Оберестерајхише Нахрихтен“, Курц рече дека Австрија сака да покаже солидарност со земјите кои биле особено погодени од кризата, но дека тој верува дека кредитите се вистинскиот начин, а не грантовите.

„Во наредните денови ќе претставиме предлог со наши идеи. Верувам дека е можно да се стимулира европската економија и, покрај тоа, да се избегне консолидирање на долговите“, потенцира тој.

Курц посочува дека Австрија, како и многу други членки на ЕУ, е изненадена од предлогот на Меркел и Макрон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Катерина Ѓуровски

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата