Вархеји: ЕУ и Западен Балкан заедно да подготват „отворање“ по пандемијата

Од:

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска оцени дека Западен Балкан и ЕУ треба да работат заедно за да се подготват за можно и постепено „отворање“ по воведените рестрикции поради епидемијата на Ковид-19.

„Сакаме да им се придружиме на нашите партнери од Западен Балкан на мапата на патот кон ЕУ, што се однесува на постепено укинување на ограничувањата во областа на патувањето, деловно работење и угостителските услуги со почитување на здравствената ситуација“, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.

Вархеји учествуваше денеска на видео конференциска средба со министрите за надворешни работи на Западен балкан и соседните ЕУ земји, организирана од шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Грција.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки