Ештон: ЕУ интеграцијата на Македонија почнува од дома

Од:

Европската перспектива на Македонија е жива и остварлива. За таа цел земјата треба да продолжи со имплементација на Охридскиот договор, со континуиран и инклузивен политички дијалог и дијалог со медиумите кои што се од суштинско значење. ЕУ-интеграцијата на земјата почнува од дома, порача Кетрин Ештон висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК на денешната прес-конференција во Скопје.

– ЕУ внимателно ја следи реализацијата на договорот од 1 март, посебно во однос на формирањето на Анектната комисија и потпишувањето на Меморандум за разбирање. Ги охрабруваме политичките лидери да ги надминат поделбите и да креираат нов политички дух. На тој начин Македонија ќе биде во можност да ги исполни своите стратегиски цели, порача Ештон.

Првиот евродипломат се осврна и на значењето на добрососедските односи и надминувањето на спорот за името. Таа добрососедските односи ги оцени како суштински и побара да се продолжи дијалогот и да се бараат решенија до постигнување договор.

– Процесот во ОН за решавање на спорот за името добива на сила и ги поттикнуваме двете страни да ги искористат напорите на Нимиц. Потребно е решение без одложување. Знам дека тоа може да биде тешко, меѓутоа не постои друга алтернатива, не постои друг начин да се оди напред, и да се дејствува поскоро е многу подобро отколку подоцна. Тоа е единствениот начин за напредок во однос на вашата евроинтеграција. Како што знаете евроинтеграцијата почнува дома, рече Ештон.

Таа за време на посетата на Скопје се сретна со престедателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, а имаше средби и со лидерите на ДУИ и на СДСМ Али Ахмети и Бранко Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он