Османи: Одлуката дали ќе има избори треба да ја донесе Комисијата за заразни болести

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го повтори ставот на Демократската унија за интеграција дека прашањето за избори за нив е секундарно во однос на зачувувањето на здравјето на граѓаните.

Одлуката за тоа дали треба да има избори, според Османи, треба да ја донесат стручните лица од Комисијата за заразни болести.

– Ќе го цитирам Ахмети кој рече дека ние сме во војна, а во војна, одлуките ги носат генералите. Во нашата војна генерали се докторите и епидемиолозите и тие треба да одлучат за понатамошните стратешки чекори. Ние сме подготвени за избори, но одлуката треба да ја донесе сепак Комисијата и стручните тимови имајќи го фактот дали изборниот процес ќе влијае врз пандемијата и здравјето на граѓаните, изјави Османи, одговарајќи на новинарски прашања по денешното примопредавање на донацијата од Австрија.

Би можело да ве интересира

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски

Косово на прагот на нови предвремени избори

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски