Луфтханза ги обновува летовите

Од:

Луфтханза планира во јуни да ги обнови летовите во повеќе од 130 дестинации, обидувајќи се да реактивирате дел од авионите, приземјени поради пандемијата на коронавирусот, соопшти германската авиокомпанија.

Сите членки на групата ќе изведуваат 1.800 летови неделно до крајот на јуни, соопшти раководството. Билетите се во продажба од вчера.

Најавата за продолжување на летовите доаѓа во време кога авиокомпаниите сè уште прават планови за реактивирање на авионите, поради неизвесност во врска со побарувачката, новите здравствени мерки и карантин на некои пазари.

Летовите ги обновуваат и другите членки на групата СВИС, „Јуровингс“ и „Брисел ерлајнс“, пренесува Хина.

Луфтханза преговара со германската влада за програмата за помош од девет милијарди евра од германскиот фонд за економска стабилизација за надминување на ефектите од пандемијата и падот на патувањето во периодот по смирувањето на пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници