А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата се нафрли и на медиумите на Камчев

by А1он16/04/2013 - 15:4517/04/2013 - 14:27222
Share0

Владата на Република Македонија, во врска со написот објавен во денешното издание на Дневник, со наслов „На клиниката за гинекологија, стари шпилхозни ги налутија новите мајки-родилки“, со соопштение реагира да не се дискредитира и напаѓа ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје.

Добивај вести на вибер

„Изразуваме задоволство што во написот објавен во весникот Дневник, инаку дел од компанијата МПМ, единствено нешто што е најдено како слабост или пропуст за ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје е обелената облека на бебињата поради честото перење и одржување на хигиената“, стои во соопштението.

Од Владата потсетуваат дека сопственик на компанијата МПМ која го издава весникот Дневник е Орце Камчев, кој истовремено е сопственик на болницата Систина, која, се посочува, вложува максимални напори да привлече повеќе пациенти од државната гинеколошка клиника во Скопје, со единствена цел да заработи повеќе пари од пациентите.

Во тие обиди, понекогаш немајќи посилни аргументи, весниците на МПМ, се додава, наоѓаат што било само со цел да ги омаловажат државните клиники и да ги убедат граѓаните да ги користат нивните приватни услуги, се наведува во соопштението.

„Со оглед дека весниците во сопственост на МПМ никогаш немаат напишано нешто негативно за приватната болница Систина и ништо позитивно за државните клиники и болници, би сакале во оваа прилика да ги прашаме зошто токму гинеколошкиот дел од Систина сите комплицирани и потешки случаи веднаш ги препраќа на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје каде облеката е обелена од перење? Зошто многу случаи за кои може и документирано да се докаже, откако ги третираат извесно време во моментот кога ќе дојде до компликации веднаш ги испраќаат на државната клиника? Дали затоа што новите пижами и шпилхозни во Систина не се доволни за да направаат сложени и ризични интервенции кога воопшто не е важно ништо друго освен стручноста и совесноста?“, прашува Владата на РМ.

Велат дека приватната болница Систина е болница во која е прилично инвестирано и веројатно постојат поетички начини и стандарди да привлечат пациенти отколку тоа да се прави преку дискредитација на јавното здравство.

kamcevmediumi

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Горан Наумовски01/06/2025 - 19:08

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

Горан Наумовски03/05/2025 - 11:16

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Катерина Ѓуровски20/03/2025 - 14:28

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on15/03/2025 - 22:2515/03/2025 - 22:25

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ11/03/2025 - 17:0711/03/2025 - 17:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен