Општина Тетово побара Владата да ја укине забраната за јавен превоз на патници

Од:

Тетовскиот кризен штаб денеска упатил барање Владата да се укине забраната за организиран јавен превоз со автобуси и комбиња кои се движат на територија на општина Тетово и околните општини. Оваа забрана беше воведена од 21 април.

-Согласно неодамнешната одлука на Владата и тенденцијата за либерализација на рестриктивните мерки во земјата, побаравме укинување на забраната за организиран транспорт со автобуси и комби кои се движат на територијата на општина Тетово и околните рурални општини, информираа од општината.

Забраната беше воведена на 21 април.

Кризниот штаб во Тетово ги соопшти и најновите бројки на заболени со Ковид-19. Согласно овие податоци, во општина Тетово има 52 заболени од кои двајца починати, во Боговиње 41 од кои шест починати, во Теарце 7, во Брвеница 10 од кои еден починат, во Јегуновце четворица и општина Желино шест заразени од кои двајца починати.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски