Опожарениот автобус кај Транспортен центар е на „Слобода превоз“, сообраќал на линија 45

Од:

Aвтобусот што изутрината се запали на терминалот Транспортен центар е приватен автобус, сопственост на „Слобода превоз“, кој сообраќал на линија 45, соопшти ЈСП Скопје.

На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а увид направи и екипа на МВР.

Нема повредени патници, ниту околни минувачи, причинета е само материјална штета на возилото.

Увид направи и Внатрешна контрола на ЈСП. Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот, тој се подготвувал да се вклучи на линија. Го запалил возилото, по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгаси огинот, но, тој за брзо време почнал да се шири.

Во меѓувреме на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира.

Според првичните сознанија, причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација на автобусот.

Би можело да ве интересира

Пожар во станбена зграда во Констанца: Десетици се евакуирани, девет лица се во болница

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови