ЈПДП: Се санираат косините на автопат Миладиновци-Штип, последица на пропусти при изработка на проектната документација

Од:

Во тек е растоварување и санација на косини на автопатот А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип коишто се појавија по обилните врнежи од дожд и снег во текот на изминатиов период. Тоа предизвика неконтролирано слегнување на земјиштето по косините и нивно оштетување, соопшти денеска Јавното претпријатие за државни патишта.

Ова, истакнуваат во соопштението, е како последица на одредени пропусти при изработката на проектната документација своевремено, согласно со кој е изведен автопатот А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип во минатото.

-Согледувајќи ја оваа состојба, а во интерес на граѓаните и заради нивна безбедност во сообраќајот Јавното претпријатие за државни патишта изврши интервентна јавна набавка за итна санација на 12-те свлечишта. ЈПДП започна со вршење на работите за санација на свлечиштата и во моментов во тек е санација на косините на автопат А4 Миладиновци–Свети Николе–Штип со цел поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, информираат од ЈПДП.

Воедно, соопштуваат дека со извршеното пошумување на 30 хектари при што се засадени околу 600 илјади садници на косините на автопатот Миладиновци – Свети Николе – Штип кое е направено од страна на ЈПДП дополнително ќе се придонесе за нивна стабилизација и заштита од ерозија.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска ќе реагира и до Уставен суд, откако Пендаровски не ја послуша за автопатиштата

Жарко Настоски

Владата одобри Меморандум за соработка за изградба на автопатски делници од Коридорите 8 и 10

Жарко Настоски

Интензивно се реконструира патниот правец од Пробиштип кон Крупиште

А1он

(ВИДЕО) Сугарески: Реконструкција на многу патишта немаше од времето на Тито, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош

Предраг Петровиќ

СДСМ: Модерни автопатишта ќе изгради новата Влада, доцна е за Груевски

А1он