Десет нови случаи на Ковид-19, на Инфективната клиника починал 60-годишен пациент

Од:

Во последниве 24 часа регистрирани се 10 нови случаи на Ковид-19 во земјава, од кои шест од Скопје, двајца од Куманово и по еден случај во Прилеп и во Велес, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

На Инфективната клиника во Скопје од коронавирусот починал еден пациент од Делчево, на 60 годишна возраст. Филипче рече дека пациентот имал малигни болести.

Во последниве 24 часа регистрирани се 5 оздравени пациенти, а направени биле вкупно 189 тестови.

Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во земјава, со последните податоци, изнесува 1674. Од нив, 1205 се оздравени, 92 лица починале, а активни случаи има 377.

На Клиниката за инфективни болести примени се тројца нови пациенти, со што вкупниот број хоспитализирани изнесува 41. Во болницата „8 Септември“ има 25 пациенти, а во останатите болници во другите градови хоспитализирани се 64 пациенти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски