Филипче: Рано е да размислуваме за отворање на аеродромите, препораката за државен карантин останува

Од:

Се уште е рано да се размислува за отворањето на аеродромите, рече денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој потсети дека се уште е на сила препораката граѓаните што стигнуваат во земјава да одат во државен карантин во времетраење од 14 дена.

„Се уште е рано да размислуваме за отворањето на аеродромите. Тоа отвора други прашања за тоа од каде доаѓаат луѓето. Голема бројка на граѓани ќе стигнат. Се уште е на сила препораката за државните карантини и тоа останува засега. Не размислуваме за промена на оваа стратегија. Се уште траат консултации со околните земји за некаква форма на регионален пристап“, рече министерот Филипче.

Комисијата за заразни болести, како што вчера извести министерот Филипче, ја разгледувала можноста за воведување имунолошки пасош за граѓаните од нашата земја кои сакаат да патуваат како и за странците што ќе пристигнат кај нас, но конкретно решение се уште нема.

Аеродромите во Македонија беа затворени во март. Прв беше затворен аеродромот во Охрид со одлука на 14 март, заедно со затворањето на поголемиот дел од граничните премини, а на 16 март Владата одлучи да го затвори и скопскиот аеродром како и сите гранични премини за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација