Дебарските полицајци го одбележаа денот со превентивна кампања

Од:

Денот на македонската полиција, дебарските полициски службеници го одбележаа со превентивна кампања посветена на граѓаните и подигнување на јавната свест за потребата од поодговорно однесување за заштита од Ковид-19 и придржување до препораките за задолжително носење заштитни маски.

– Полициски службеници од Одделението за превенција и други претставници на полициските станици поделија пакети заштитна опрема што опфаќа заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал. Голема благодарност кон граѓаните на Дебар и Центар Жупа, кои покажаа солидарност и соработка на потребното ниво во овој период, посебно за време на кризната состојба во ова подрачје која беше прогласена на 13 март и траеше еден месец, изјави за МИА, портпаролот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Стефан Димоски.

Во рамки на превентивната кампања, полициските службеници ги потсетија граѓаните за задолжителната законска обврска и препораките за носење заштитни маски како најпотребно средство во одбраната од коронавирусот, за неопходноста од поседување и на останата заштитна опрема, држење на потребното меѓусебно растојание и за казнените одредби за непридржување до препораките.

Благодарност и признание за максималната ангажираност и придонесот на полициските работници во изминатиот период, во повеќе наврати искажа и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој воедно раководи и со општинскиот Оперативен штаб.

Би можело да ве интересира

Во Дебар воведени рестрикции на вода

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен