“Noticing the Difference” или Dиференцирање разлики
Новинарската (не) одговорност наспроти случувањата во Република Македонија, спорот за името и локалните избори 2013 година
Со новинарството (особено она слободното и независно) баш и не сум имал многу допирни точки. Сепак, по малку и на Правниот факултет не учеа по нешто за тоа. Основната девиза беше НЕ БАШ СЕ ШТО ЗНАЕШ вреди да го објавиш, особено ако не е вистинскиот момент за тоа. Деновиве се изначитав разно разни глупости, од самонаречени новинари, уште згора на тоа и аналитиката нешто им била јака страна. Па имавме квази новинарски анализи за Бранко, за СДСМ, за изборите, па кој победил, а кој е губитник, па следстсвено што се случува внатре во СДСМ, па кандидати и можни решенија, а згора на се, знаат и што ќе се случува на конгресот.
Сепак, ајде накратко да се вратиме на локалните избори, особено интересен е Центар. Додека го пишувам текстов веќе привршува Управниот суд со работата околу тужбите на политичките партии, учесници во изборниот процес. Со верување и надеж дека тоа што не им помина во ДИК, ВМРО ДПМНЕ ќе се обиде да го „избоксува“ преку Управниот суд. Целта е да се поништат изборите во Центар. Секако со сесрдна помош на новинарчињава, кои демек не разбираат која е крајната цел. ВМРО ДПМНЕ, знаејќи дека со Сојузот за иднината нема да му успее, ке се обиде да ги „фати“ граѓаните на кондиција.
Демек, толку им е преку глава па во таканаречениот и посакуван трет круг на гласање или комплетно прегласување, па нема да излезат и да ја искажат својата слободно изрзазена волја. Таа кампања за жал се одвива не само преку провладините медиуми, туку е се поизразена и на порталите. Не навлегувам дали на новинарчињава толку им е капацитетет, или пак се работи за она што сите го претпоставуваме (закани, уцени, пари, лични интереси итн.)
Реалноста е сепак далеку од „третиот круг“. Тука некаде е и крајната неодговорност на овие полтрончиња без карактер. Не разбирајќи или не сакајќи да разберат работат на разнебитувањето на македонштината во која се колнат и крстат. За секој со малку совест, чест и одговорност, играта е повеќе од јасна. Имено, не трет, борбата е за четврти, петти, шести круг… веројатно до недоглед. Причината, е тука некаде е разликата и пред се одговорноста. ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО, почитувани.
Се додека трае изборниот процес преговорите во двете земји се во мирување. Но тоа не е се. Напротив, после ваква силна победа што никако да ја добие (свесно тоа го прави), на Груевски не му е ни на крај на ум токму тој, патриотот, да биде запишан во историјата како еден од најголемите предавници.
Токму затоа форсираат и ќе форсиират и понатаму ова да трае што подолго. Имајќи предвид дека пред последниот самит и Република Бугарија го покажа својот интерес, а и таму има предвремени избори во мај, коцките полека се сложуваат.
Наводно силниот удар беше од ДУИ, преку нарачаните колумни и изјави од претседателот на ДУИ и актуелен пратеник Али Ахмети и министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими. Дополнително тука е и испадот на сегашната градоначалничка и екс потпретседател во владата за евроинтеграции Теута Арифи која патем речено ги прекрши Уставот и неколку Закони со неистакнувањето на македонското знаме. За Грција, според тамошните медиуми најновиот предлог на посредниокот на ОН Метју Нимиц е далеку од прифатливо решение.
Тука некаде, на истата линија се и преговорите Белград – Приштина.
Додека се што во оваа држава што има макар и малку разум, совест и разбирање на можните правци за излезни решенија вложува напори, заедно со ЕУ и САД да изнајде излез од политичката криза во која длабоко сме забраздени и уште повеќе тонеме, што прават квази новинарчињава, аналитичари и патриоти. Замислете, со сите сили го бранат величествениот пречек на човек осуден за воени злосторста.
Каде и со кого одиш Македонијо…
Александар Величковски, дипломиран правник