Мицкоски од видеоконференцијата на ЕПП: Aпелирам да помогнете да не се кочи и да се забрза процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Самитот на лидери на ЕПП во чиј фокус е Западниот Балкан од кој дел е и Македонија. Мицкоски во своето онлајн обраќање му се заблагодари на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за поддршката која ја дава за проширувањето на Унијата, но и на претседателот на ЕПП, Доналд Туск со чија поддршка е организиран овој самит со фокус на нашиот регион.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е спремна да ја стави Република Македонија на брзата трака за членство во Европската Унија фокусирајќи се на клучните проблеми на државата за кои се потребни суштински решенија“, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

„Во оваа смисла разбираме дека мора да ги завршиме домашните задачи. Ова значи справување со корупцијата на високо ниво, воспоставување функционален систем на владеење на правото, одговорност и зајакнување на нашиот политички и судски систем, така што тој ќе биде транспарентен и ќе обезбеди рамка со која се дава правна сигурност. Ова може да се постигне и следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на овие принципи, вели тој.

„Мицкоски и покрај тоа што има сериозни пропусти од актуелната власт апелираше да се забрза процесот на интеграција на Македонија во Унијата, и оценувањето на нашиот напредок да се базира на стандардите, вредностите и принципите на ЕУ“, пишува во соопштението.

„Aпелирам да помогнете да се забрза процесот на спроведување на првата Меѓувладина конференција што ќе овозможи започнување на пристапни преговори со Европската Унија. Ние, ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да ги поставиме преговорите на брза патека врз основа на најважните стандарди, вредности и принципи на ЕУ“, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Денес се одбележува споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа!

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Законот за „Скопје-Европска престолнина на културата 2028“ ќе биде ставен на јавна расправа

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија