А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бектеши: За ДУИ приоритет е справување со пандемијата, а подготвени сме и оваа недела да има избори

by А1он06/05/2020 - 14:0406/05/2020 - 14:08269
Share0

Министерот за економија и функциинер во Владата од ДУИ, Крешник Бектеши, на новинарско прашање за датумот за одржување на парламентарните избори што беа одложени поради кризата со Ковид-19 вели дека за партијата е приоритет справувањето со панедмијата, подготвени се и оваа недела да има избори, но оти официјална одлука може да се очекува за кратко поради најавената лидерска средба.

Следете a1on на Instagram Instagram

– За ДУИ моментално приоритет е да се справиме со пандемијата од Ковид-19. За изборите што се однесува до ДУИ и други претставници на ДУИ веќе се изјасниле. За нас моментално приоритет е да се справиме со пандемијата Ковид-19. Што се однесува до датумот на изборите како и секогаш ДУИ е спремна и оваа недела да има избори, но секако дека тоа ќе биде официјална одлука, која ќе се донесе може и за краток период имајќи предвид дека е веќе најавена и лидерска средба, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за мерките од Владата за помош на стопанството поради здравствено-економската криза.

Бектеши го повтори ставот дека не треба да има кратење на платите на администрацијата поради кризата. Тој посочува дека податоците за приходите во буџетот се според поволното сценарио и оти се подготвуаваат и нови мерки.

– Имавме можност да ги видиме и последните податоци што се однесува до сценаријата и приходите во буџетот на државата, значи моментално се движиме на поволното сценарио, но треба да се има предвид истовремено дека ние веќе креираме и нови мерки и за да ја поттикнеме потрошувачката дали е тоа приватна или јавна потрошувачка. Секако ние не треба да направиме такви кратења според моето предвидување, туку да се обидеме дополнително да даваме средства до граѓаните било во приватниот или во јавниот сектор. Во таа насока моментно работиме и како Министерство за економија, но истовремено и како економски тим во Владата, рече Бектеши.

Следете a1on на Youtube YouTube
duiizbori 2020

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on14/06/2026 - 16:02

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

Горан Наумовски12/06/2026 - 08:18

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски11/06/2026 - 08:3711/06/2026 - 09:59

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

Горан Наумовски10/06/2026 - 12:12

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Катерина Ѓуровски07/06/2026 - 11:16

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 10:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто