СВР Тетово: Покани за разговор во полиција единствено по писмен пат, не наседнувајте на пораки на е-пошта

Од:

СВР Тетово испрати апел до граѓаните да ги пријавуваат во полицијата несоодветните покани за разговор во полициска станица кои им стигаат по електронски пат и е-адреси, по неколкуте евидентирани случаи деновиве. Од таму потенцираат дека полицијата ги повикува граѓаните единствено по писмен пат со хартиена покана.

-Секторот за внатрешни работи Тетово им соопштува на сите граѓани, физички или правни лица, дека покани за разговор, односно за спроведување истраги им испраќа во писмена (хартиена) форма со соодветна содржина, а во кои се наведува времето, местото и основата за повикување, но не и по електронски пат на нивни приватни или службени е-адреси. СВР Тетово апелира до граѓаните доколку со електронски пораки се повикуваат на разговор, да не ги отвораат прикачените документи во прилог на пораките, особено ако им се испратени од за нив познати испраќачи и веднаш да го пријават случајот на телефонскиот број 192, за да се избегнат недоразбирања и нејаснотии и истите да не се изложуваат на непотребни трошоци и губење време, се вели во апелот на тетовската полиција.

Од таму со потсетување до оние кои се обидуваат да прават ваква измама дека се соочуваат со кривично дело лажно претставување (член 391 од Кривичниот законик), за кое е предвидена парична или затворска казна до една година.

Би можело да ве интересира

Министерството за финасии дало дозвола за вработувања во тетовската болница

Наставничка на час истепа ученик во Тетово

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Оружен инцидент во Тетово: Напаѓачи пукале во семејна куќа, нема повредени

Насилник го нападнал новинарот Неврим Адеми

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат