Раб: Хакерски мрежи вршат напади врз државни и меѓународни организации

Од:

Софистицирани хакерски мрежи вршат кибер напади врз државни и меѓународни организации кои реагираат на пандемијата на коронавирусот, предупреди  британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.

– Постојат различни цели и мотивации кои стојат зад овие напади, од измами, од една страна, до шпионажи, но имаат тенденција да крадат огромно количество лични податоци, интелектуален имот и широки информации, кои ги поддржуваат тие цели, истакна Раб на прес-конференција.

Шефот на британската дипломатија нагласи дека кибер нападите често се поврзани со други државни актери, и изрази очекување дека вакво „предаторско криминално однесување“ може да продолжи и да се развива во следните недели и месеци.

Тој додаде дека Велика Британија презема низа мерки за спречување на таквите закани.

Би можело да ве интересира

Хакерите што го блокираа аеродромот во Сплите бараат преговори

Хакиран Мајкрософт, тврдат дека нападот потекнува од Русија

А1он

Хакерски напад на НАТО

При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија

А1он

Топ чанел ексклузивно по кибернападите: Хакери презеле државни документи на Албанија

Институциите молчат, инсајдери јавуваат дека хакерскиот напад на Бирото за јавни набави е од Грција и исклучиво за пари