Постапка за пет лица кои го прекршиле полицискиот час во Гостивар

Од:

Гостиварското Jавно обвинителство поведе постапка за пет лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Тие не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час без дозвола, пеш или со возило се движеле низ градот, се вели во соопштението од ОЈО.

За обвинетите обвинителството побара од судот да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски