Се одбележува Неделата на сестринството

Од:

Од денеска до 12 мај се одбележува Неделата на сестринството, во која годинава ќе изостанат средбите и свеченостите со оглед на тоа што како медицински работници се во првите редови во борбата против коронавирусот.

Слоганот на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри е „Ние медицинските сестри не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“.

Здружението ги поканува соработниците и членовите, уметници и музичари, медиуми, граѓани и претставници на невладиниот секторда се вклучат во одбележувањето на Неделата на сестринството преку нивната веб-страна со креативни дела и видео честитки.

-Честитките со хаштаг #НеделаНаСестринствотоЗаНас ќе бидат објавени на нашата веб страна www.zanas.mk, како и на социјалните мрежи и телевизиите на кои ќе се говори за сестринството како хумана професија во текот на одбележувањето на Неделата на сестринството, наведуваат од Здружението.

Свечена онлајн академија по повод Неделата на сестринството ќе се одржи на 12 мај.

Би можело да ве интересира

Бешлиовска: Имаме 9.200 медицински сестри, а треба да сме околу 15.000

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинскиот кадар кој со години работи без здравствено и пензиско осигурување

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски