Израелски полицаец убил маж кој го нападнал со нож во градот Рош Хајин. Полицаецот се сомничи дека неосновано пукал, а по убиството бил испитуван од страна на Министерството за правда, па пуштен поради мерките за ограничување на движењето.
Кога бил запрашан зошто неколку пати пукал во лицето, подоцна идентификувано како Ширел Хабура, тој рекол оти сметал дека животот му е во опасност.
Камерите покажуваат дека Хабура го нападнал полицаецот, најверојатно со нож. Полицаецот почнал да бега, по што Хабура бил соборен на земја, кога го извлекол оружјето. Тој пукал неколку пати додека напаѓачот се уште лежел на земја.
An Israeli policeman kills a mentally disturbed Jew this afternoon in Ras Al-Ain, east of Tel Aviv (occupied Palestine), after he attacked him, believing that he was a Palestinian youth.#IsraeliCrimes pic.twitter.com/gXGt9BNQTm
— ŘÃŴÃŇ ŇÃŜŜÃŘ ? Free Palestine (@RawanBDS) April 30, 2020
Како што наведуваат израелските медиуми, Хабура пред 6 месеци бил пуштен од психијатриска болница, а имал и историја на насилничко однесување.
„Пукај му во нозете, зошто му пукаше во срце“, прашува една сосетка во близина.
Меѓутоа, како што наведуваат луѓето на социјалните мрежи, сомнежите се дека полицаецот мислел дека станува збор за палестински екстремист, па затоа и пукал во него.