Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Од:

Најмалку 23 лица загинаа, а околу педесет се ранети во израелски воздушен напад врз станбена зграда во градот Газа, според палестинските тврдења.

Лекарите соопштија дека во денешниот напад била погодена зграда во населбата Шејаја и дека спасувачите се уште трагаат по преживеани под урнатините.

Израелската војска објави дека мета била висок припадник на палестинската милитантна група Хамас кој ги планирал и извршил нападите.

Пред нападот, армијата соопшти дека ги презела сите мерки за заштита на цивилното население, за кое Израел тврди дека Хамас го користи како жив штит. Војската објави и дека е употребено прецизно оружје, но не ги коментираше информациите за жртвите од нападот.

И палестинската новинска агенција ВАФА објави повеќе жртви во други израелски напади на други места во Појасот Газа, вклучувајќи го и Кан Јунис во јужниот дел.

Би можело да ве интересира

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран