Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш жали за недостигот на подготвеност на светските сили и поделената меѓународна заедница да се борат со новиот коронавирус, а особено за несоодветната поддршка за сиромашните земји.
Одговарајќи на прашања за глобалното лидерство, Гутереш на прес-конференција во Њујорк рече дека меѓународната заедница е поделена кога е „потребно повеќе од кога и да е“ да се обедини.
– Постои неповрзаност помеѓу лидерството и моќта. Ние гледаме примери на лидерство, но тие обично не се поврзани со моќта. И, каде што гледаме моќ, понекогаш нема неопходно лидерство, рече Гутереш.
Тој изрази надеж дека тоа ќе се надмине наскоро.