Онлајн играч на Лото 7, доби 6-ка вредна над 5.000 евра

Од:

Најголемата добивка од претходното коло Лото 7,  во вредност од 348.297,50 денари, е 6-ка од одиграна комбинација преку онлајн платформата на Државна лотарија.

Извлекувањето од коло 33 се реализираше на 25 април, во сабота. Добитникот, со иницијали Р.Т верува во среќата, има 31 година, живее и работи во Гевгелија и станал онлајн учесник во игрите на среќа со оглед на новонастанатата ситуација.

Нашиот онлајн добитник, во саботата,  од удобноста на својот дом во Гевгелија, во 13.27 часот, ги уплатил и одиграл своите 8 комбинации Лото 7, а вечерта го следел тв извлекувањето. Кога беа извлечени броеви 3, 5, 6, 7, 25, 31 и, 36, не можел да верува дека на екранот ги видел наредени сите броеви од вториот до седмиот од својата прва одиграна комбинација, сите освен првиот којшто го оддели од 7-ка.

Иако не ни ја откри симболиката на броевите, Р.Т. во телефонскиот разговор, ни соопшти дека редовно ги игра токму овие броеви затоа што имаат огромно значење за него.

Од уплатениот депозит за игра, во вредност од 300 денари, одиграл 160 денари и за таа сума доби 348.297,50 денари или над 5 000 евра. По средствата нема да доаѓа на ниту една од благајните на Државна лотарија, што е една од најголемите предности на онлајн играњето Лото 7 и Џокер.

Во телефонскиот разговор, сподели со нас дека е редовен лото играч, но поволноста за онлајн учество во Лото 7 и Џокер, решил да ја користи согласно ситуацијата. Досега имал помали добивки, најмногу од играта на среќа Џокер, коишто ги користел за понатамошна игра, но ова е првата добивка којашто преку корисничкиот профил ќе си ја префрли на трансакциска сметка.

Р.Т од Гевгелија е првиот онлајн учесник на игрите на среќа на Државна лотарија, којшто освои поголема добивка. Иако Државна лотарија ја овозможи услугата за онлајн уплата и учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, уште во октомври минатата година, токму во сегашни услови се гледа дека е повеќе од добредојдена. Нашиот најнов добитник упати бројни позитивни коментари за практичноста и едноставноста на онлајн уплатата и учеството во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, истакнувајќи ја предноста што може да се игра од дома (место во вакви времиња да оди на продажно место). Како најголема предност ја издвои брзата исплата на средства.

Никогаш не размислувал каде би ги потрошил парите доколку му се падне 7-ката, иако прв пат среќата го донела толку близу до неа, но сепак оваа добивка би ја искористил за патување кое одамна го посакувал, секако откако ќе се среди ситуацијава.

Честитајќи му на Р.Т. од Гевгелија, потсетуваме  на предностите за онлајн учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, како и на актуелната кампања „300 + 100“.

Повеќе информации на нашите социјални медиуми, на броевите на центарот  02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052  и на www.loto.mk

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Договорот меѓу „Хеј“ и Државна лотарија e раскинат и е основа за покренување кривична постапка, вели Мицкоски

Полицијата ќе проверува лиценците за игри на среќа што ги издаде „Државна лотарија“

Катерина Ѓуровски

Снопче: Трите нови компании за организирање на интернет игри на среќа се без законска основа

Предраг Петровиќ

Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање