ВРЕДИ: Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија

Од:

Очигледно Арбр Адеми решил да излезе од дувлото! Секогаш кога се во тесно, од ДУИ ги вадат истите марионети за да го замајуваат народот со своите стари игри. Опозицијата ги еродира. Почнуваат да бидат параноични, велат од ВРЕДИ.

– Смешните пресови покажуваат дека Артан и Прпарим се исплашени дека ќе одговараат за малверзациите во Лотарија и затоа ги пуштат прво Блерим, а сега Арбр да обвинуваат за наводни криминалии кој се направени кога Ахмети беше во коалиција со Груевски и Мијалков.

Кога Блерим и Арбр обвинуваат за дилови со српско-бугарски фирми всушност зборуваат за диловите на Артан и Прпарим со српското и бугарското коцкарско подземје кои ВРЕДИ со автентичното толкување им го прекина приливот на пари кој ги примиле редовно.

Коалицијата ВРЕДИ има План за справување со штетните последици од коцкањето, кој веќе се спроведува.

Благодарение на тој план коцката ја тргнавме од домовите на граѓаните со затворање на четири компании на кои Артан и Прпарим неосновано им издале лиценци за интернет коцкарници. Следи целосно расчистување на малверзациите во Лотарија, правосудна одговорност за сите кое се
огрешиле пред законите и нов Закон за игри на среќа кој ќе го намали бројот на коцкарници, минимум за половина.

ВЛЕН ќе ја искорени коцката инсталирана од Артани и Прпарим! Ова лошо семе што го посадивте ќе ве следи уште долго, затоа што народот не заборава, се вели во соопштението од коалицијата.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

А1он

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Кривични пријави за екс директорка и шефица на финасии во „Лотарија“ за проневера на 80 илјади евра

Видеолотарија Касинос Австрија исплати 54.345.757 денари за ВЛТ Џекпот добивки во септември

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“