Полицијата ќе проверува лиценците за игри на среќа што ги издаде „Државна лотарија“

Од:

Полицијата ќе го проверува работењето на Државна лотарија откако во јавноста излегоа информации дека незаконски давала лиценци за приредување онлајн игри на среќа иако не смеела да го прави тоа бидејќи и била истечена лиценцата.

-Во врска со случајот со „Државна лотарија“, Ве информираме дека по добиено известување од Министерството за финансии, во ОСОСК ( оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал) во координација со ОКП (оддел за криминалистичка полиција) оформен е предмет и започната е постапка за проверка на информациите за незаконско издавање на лиценци за приредување игри на среќа од страна на „Лотарија на Македонија“, потврдија за МИА од МВР.

Работењето на Лотарија ќе се проверува, откако претходно по барање на Министерството за финансии Владата одзеде лиценци на две фирми за приредување игри на среќа, едната од Струмица и едната од Скопје. Лиценците, како што информираа надлежните, им биле одземени за незаконско работење и неподмирување на законските давачки.

Премиерот Христијан Мицкоски, на 26-ти овој месец, одговарајќи на новинарско прашање за одземањето на две лиценци на компании за игри на среќа, рече дека станува збор за фирми кои работеле незаконски и не плаќале данок.

-Имаме два случаи за одземање на лиценци за игри на среќа едната е од Струмица, другата е од Скопје, не ги уплаќале даноците редовно, работеле незаконски би рекол, врз основа на мислењето коешто го добив под надлежните институции. Но ова не е сѐ. На седницата на Владата беше прифатено практично толкувањето на Законот во коешто е констатирано дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, без разлика што и самата не поседува лиценца самата издавала лиценци за приредување на игри на среќа, особено за онлајн обложувањето и слично“, изјави премиерот Мицкоски.

Според него, имало претходни високи функционери од Владата кои и покрај тоа што знаеле дека ова е спротивно на Закон дозволиле ваков тип на игри на среќа да се приредуваат, а со тоа ги оштетиле и граѓаните и Буџетот.

Тогаш премиерот подвлече дека документацијата е предадена на истражните органи и оти очекува надлежните институции да излезат со став. -Тоа се е предадено до истражните органи и очекувам надлежните истражни органи многу скоро да излезат со став врз основа на овие индиции коишто ги констатираше Владата, истакна премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Судење за „Државна лотарија“: Обвинителството презентира докази за злоупотреби – за одбраната тие се нејасни и контрадикторни

Перпарим Бајрами не се чувствува виновен за случајот „Државна Лотарија“

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Катерина Ѓуровски

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Горан Наумовски

Судот го одложи рочиштето за „Државна лотарија“ по приведувањето на Перпарим Бајрами, судењето продолжува на 18 септември