Се зголемува интересот на граѓаните за сончеви колектори

Од:

Се повеќе граѓаните се заинтересирани за вградување сончеви колектори во нивните домови. Годинава за оваа намена во Министерството за економија се одвоени шест милиони денари за субвенционирање.

– Радува фактот што секоја година се повеќе граѓани аплицираат во Министерството за економија за добивање субвенции. Тоа е добро и се надевам дека во иднина интересот ќе расне и Министерството ќе може да ја прошири програмата, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини на Отворениот ден „Купи сончев колектор – аплицирај за субвенција“.

Огласот за добивање субвенција е веќе објавен и трае до 31 мај.

Анализите направени во Министерството за економија покажуваат дека инвестицијата се враќа за три до четири години.

– Со инсталиурање на сончев колектор којшто чини 36 илјади денари месечната заштеда е 1.000 денари. Тоа значи дека годишно се заштетува околу 12 илјади денари што значи дека инвестицијата се враќа за околу три години. Во Република Македонија постојат од 500 до 600 илјади домаќинства и доколку сите инсталираат сончеви колектори тогаш како држава би заштедиле до една милијарда евра долгорочно, посочи Сарачини.

Според професорот Константин Димитров од Машинскиот факултет, во Македонија има квалитетни сончеви колектори кои ги исполнуваат и најстрогите европски критериуми.

При купувањето препорачува секогаш да се побара сертификат за испробаноста и да се праша дали има сервис за одржување. Сето ова, вели Димитров, нуди производ којшто треба во континуитет да се користи 15 години.

На отворениот ден граѓаните имаат можност да се информираат за придобивките од инсталирањето на сончеви колектори. Отворениот ден е организиран во соработка со Центарот за енергетска ефикасност на Македонија.

Министерството за економија секоја година преку низа настани ја промовира програмата за надоместување на дел од трошоците за инсталирање на сончеви колектори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи