Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патиша Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Штип-Кочани (фаза 1 Штип-Крупиште).
Китанов викендот информираше дека првиот дел од експресниот пат на потегот од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри е во завршна фаза. Најави дека ќе биде пуштен во јуни годинава.
Според Китанов, без застои се одвиваат и градежните работи на втората фаза од Крупиште до Кочани, во должина од 13,75 километри. Изградбата е започната минатата есен 2019 година, а краен рок е април 2021 година.