Владата е црн облак над нашето небо!

Од:

Премиерот на сите граѓани го пречека Тарчуловски, оној осудениот за воени злосторства, па уште ни го преставува за херој. Музика, огномет преку ден, автобуси полни со луѓе и сето тоа со еуфорични вклучувања на државната телевизија, Сител и Канал 5. Од кога тоа воените злосторници се херои ? Од кога тоа убиството на деца и недолжни цивили е херојство?

Јохан не беше осуден дека убил борци на ОНА. Тој е осуден за случајот во селото Љуботен во 2001 година, село во кое се убиени деца, невини цивили кои беа државјани на Р.Македонија! Премиерот со музика го пречекува ОСУДЕНИОТ убиец на невини граѓани на својата земја!!! Да биде лудилото поголемо, воениот злосторник е донесен со авион на Влада на Р.Македонија, кој е пак платен со парите на сите граѓани, меѓу кои и роднините на жртвите на масакрот во Љуботен.

Ако Јохан бил херој зошто не отишол да ја брани државата на фронт против борците на ОНА (како сите достоинствени борци на АРМ), туку отишол во село Љуботен, каде жртви на тој кукавички потег се невини луѓе и деца ?! На чело на таа Влада е Груевски, но со него седат Бесими, Талат, Муса и останати министри – Албанци кои се исто така соучесници во обидот да воениот злосторник го престават како херој! Како ли Али Ахмети ќе им објасни на љуботенчани дека со нивни пари (владин авион) е донесен Јохан? Се надевам дека во такво едно објаснување нема да го користи методот на молчење на министерот Талат Џафери.

Владата сака осудениот злосторник да го наметне како херој, а во тоа и помагаат и разни Јанковци, Миленковци, Павловиќи, помагаат и оние карикатуристите со едно око и двојни стандарди. Пазете каква идиотска приказна продаваат: Што и да направил човек бранејќи ја татковината, ма кој и да суд му судел, тој е бранител на својата земја!! Идиотска приказна до даска. Дали, по таа нивна логика, секој може да отиде во некое село, да убие (као во име на Македонија) НЕВИНИ цивили, да одлежи затвор и кога ќе излезе владата да се прогласи за херој ?!

Абе идиоти едни, како тоа ја браниш државата со тоа што убиваш НЕВИНИ граѓани на истата држава? Абе пациенти едни, како тоа си бранител на својата земја ако убиеш ДЕЦА?!

Темни облаци ја покриле нашата татковина. Тоа што малку дава надеж е храбрата реакција во која се осудува овој глупав чин на Владата од страна на активисти, студенти, новинари, професори. Деновиве Лени Фрчкоска и Биљана Ванковска се предмет на закани, хушкање и омраза. Ја користам оваа прилика да им дадам поддршка ( лично не ги познавам) и да им се заблагодарам затоа што беа храбри, паметни и се одважија да бидат гласот на разумот во целото ова лудило кое е продуцирано од Владата! Тоа од што паметниот се срами со тоа будалата се гордее! Нивната постапка е вистински пример за патриотизам. Овие денови нема попатриотски чин од помагањето на соживотот.

Македонија е држава на сите нејзини граѓани. Македонија е наша држава, во која за жал владее оваа лоша Влада. Патриотизам е да ја одбраниме државата од Владата, да ја одбраниме државата од ова лудило на ДПМНЕ и ДУИ! Патриотизам е да ги растераме црните облаци, и конечно, сонцето да ја огрее оваа наша земја. Треба да го помогнеме соживотот и да ја вратиме солидарноста како вредност. Тоа останува на нас умерените, на нас вистинските патриоти.

Да ја спасиме државата од екстремизмот, национализмот и лудилото, кое ни го сервираат секој ден. Ќе ни треба солидарност да успееме да го спасиме ова наше општество, ќе ни треба и откако ќе успееме, за да го изградиме подобро и поубаво. Мораме да ја срушиме приказната на националистите ( и едните и другите) дека ова е нивна земја, а ние останатите сме тука затоа што они као биле добри и ни дозволиле. Мора да се мобилизираме сите и да ја одбраниме граѓанската држава!

Да ги растераме црните облаци од нашето заедничко небо! Веќе никогаш да не ни се повтори ниту Љуботен ниту Карпалак, веќе никогаш да не ни се повтори 2001 година! Мора да изградиме општество во кое нема да биде важно дали си Македонец, Албанец, Србин, Турчин, Ром, Бошњак, туку ќе биде важно дали си човек или не. Ќе мора да ги вратиме вредностите кои дозволивме да ни ги уништат. Преку глава ми е од вредностите кои ги промовираат Груевски и Ахмети. Симбол на моите вредности е Мухамед Али Јашари! Ќе мора да престанеме да молчиме на глупостите кои ги прават злобните луѓе.

Џељо Хоџиќ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска