Стано: Ставот на Бугарија за македонскиот јазик нема никакво влијание врз ЕУ

Од:

Откако се разбрани јавноста поради недообјаснети информации за бугарски „документ“ во ЕУ според кој преговорите треба да бидат условени со откажувањето од македонскиот јазик и малцинство, се огласи самата Европска Унија денеска, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во писмен одговор за МИА, Петер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, повторува како функционира носењето на одлуки во Европската Унија.

-Европскиот Совет едногласно ја одобри одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Ставот на ЕУ е јасно искажан во заклучоците на Советот. Еднострани ставови на земји членки немаат влијание врз овие заклучоци, напиша Петер Стано во одговор до МИА.

Минатиот месец земјите членки едногласно дадоа зелено светло за почеток на преговорите со Северна Македонија што е можно побргу и без ниеден дополнителен предуслов, за разлика од Албанија.

Во ЕУ е пракса земјите членки имаат право да го искажат своето несогласување со некои делови од одредена одлуката и да приложат свој документ во анекс за да остане запишано нивното мислење, но тоа нема правна тежина, ниту пак во овој случај ја менува на каков било начин одлуката на ЕУ да ги отпочне преговорите со Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Од земјите во ЕУ горивото најмногу поскапи во Бугарија – 34,5 отсто

А1он

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Експлозија во складиште за оружје во Бугарија – нема повредени

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он