Попладнево во 13:20 часот во близина на гевгелиското село Мрзенци,на автопатот А1, се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу два мотоцикли кои се движеле во правец од Смоквица кон Гевгелија.
Во несреќата животот го изгубиле Ј.Ј. (22) од струмичкото село Добрејци и А.Ѓ.(35) од струмичкото село Робово, соопштија од СВР Струмица.
Увид на местото на несреќата изврши увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител.
По наредба на јавниот обвинител телата на починатите се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.