Изработено идејно решение за реконструкција на Градскиот парк во Кочани

Од:

Општина Кочани денеска го доби идејното архитектонско решение за реконструкција и преуредување на Градскиот парк, изработено на Катедрата за архитектура и дизајн при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Професорките Васка Сандева и Катерина Деспот, кои работеа на проектот, го претставија решението пред раководните и стручните служби во општината при што нагласија дека тоа опфаќа адаптација на површина кон урбани услови за пасивен одмор, транзитна врска и културни активности. Целта е да се оформи осмислен простор како шеталиште, кое во себе ќе има привлечни содржини и ќе нуди различни можности за посетителите.

– Со ова решение е планирано поплочување на актуелниот Градски парк од неговиот северен дел, до мостот кај Шопинг центарот. Реконструкцијата на партерот нема да ги зафати зелените парцели, ниту пак постојните дрвја. Вегетацијата ќе биде дополнета со нови видови грмушести и високостеблести растенија. Една од најголемите промени во строгиот центар на градот е изградбата на челичен печашки мост што ќе го поврзува Трговскиот центар со Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“. Заедно со атрактивната фонтана, во близина на Летната сцена, се очекува кардинално да го смени ликот на кочанското кејско шеталиште, истакна професорката Сандева.

Заклучокот што произлезе од денешната презентација е дека идејното решение е прифатливо и е одлична база што треба да продолжи со реализација, бидејќи е направен спој на актуелноста на паркот со специфичен современ израз кој обединува посетители од сите возрасти.

Дискутирајќи за финансиската конструкција, градоначалникот Николчо Илијев истакна дека за мостот „Пријателство“, кој ќе спојува два фреквентни дела од градот и за фонтаната, очекува поддршка од европските фондови.

Во наредниот период, општинските служби ќе продолжат со изработка на основен изведбен проект за реконструкција на паркот во Кочани.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена