Во Штип предложени парични казни за шест лица​ кои не го почитувале полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Штип со предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик, од судија поединец во Основниот суд Штип побара на шест лица да им изрече парични казни во износ од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност.

– Обвинетите во одделни случаи, се движеле пеш или со возила по градот, за време додека во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата на Република Северна Македонија​, соопштија од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор