Стопанската комора на Македонија предлага начин за полесна набавка на заштитни маски за компаниите

Од:

Стопанската комора на Македонија апелира компаниите што произведуваат заштитни маски  да достават до неа основни информации поврзани со нивната продажба, цените, количините, периодот и начинот на испорака. Комората бесплатно ќе ги постави овие информации на соодветно место на својата интернет-страница за полесно да се сретнат понудата и побарувачката на заштитните маски на домашниот пазар.

Компаниите што сакаат да набават и бесплатно да им дадат заштитни маски на своите вработени, тоа, нагласува комората, ќе можат полесно да го направат. Така, компаниите ќе работат, а работниците ќе бидат подобро заштитени.

-Експертите од областа на медицината посочуваат дека користењето заштитни маски значително го намалува ризикот од пренесување на коронавирусот. Носењето заштитни маски е препорачано или станува задолжително за одредени ситуации во секојдневниот живот. Впрочем, како што стојат работите, процесот на своевидна нормализација на македонската економија, најверојатно, ќе вклучува користење заштитни маски. Во вакви околности, станува многу важно да се обезбеди можност за навремена и лесна набавка на заштитни маски за компаниите што сакаат да набават заштитни маски за своите работници, наведува Стопанската комора на Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност