Тачи: Невозможна е предизборна македонско-албанска коалиција

Од:

Не е изводливо да има македонско-албанска предизборна коалиција, рече во емисијата Х/О, на Канал 5, лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Тачи вели нема да биде на говорницата на опозицискиот митинг на есен во Скопје.

Не е лоша идејата за коалиција но, според Тачи е невозможна. Такви коалиции може да се смешни или неупотребливи до решавање на националните барања на Албанците.

„Додека трае оваа политика со Груевски не е можна соработка со ВМРО-ДПМНЕ. Но ќе ги сметам за можни парнери на ДПА, ако победат на следните избори, доколку прифатат да разговараат за платформата на ДПА“, изјави Тачи во емисијата.

Политиката „сите Албанци во една држава“, е само сон и националистичките сонови донесоа многу крв на Балканот, рече лидерот на ДПА.

Албанците, рече, не го оспоруваат македонскиот идентитет. Тачи е против реферндум за името и повтори дека Македонците сами треба да го решат ова прашање.

Би можело да ве интересира

Партијата на Тачи нема да одбие ако добие покана за влез во Владата

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски