#РаскажувамеЗаедно: Проект за едукција на деца на иницијатива на сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска и 5 Плус Фамилијата

Од:

Приказните за Марија Кири, Ана Павлова, Малала Јусафзаи, како и за други познати и непознати херои и хероини и инспиративни личности ќе бидат дел од најновата заедничка иницијатива на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска и 5 Плус Фамилијата, соопшти Кабинетот на претседателот на државата.

Преку проектот „Раскажуваме заедно“ децата од предучилишна и училишна возраст ќе слушнат приказни за развојот и успехот на поединци кои низ историјата, секој во своето време и во областа во којашто работеле, оставиле силна трага.

– Со појавата и ширењето на епидемијата на вирусот Ковид-19 се смени реалноста во којашто децата и младите учат и го поминуваат своето слободно време. Во таа насока, преку оваа иницијатива на децата ќе им се понудат нови едукативни содржини. Целта на #РаскажувамеЗаедно е да го привлече и задржи вниманието на учениците и да стекнат нови знаења. Приказните од #РаскажувамеЗаедно ќе се емитуваат на јавниот сервис и на сите дигитални платформи на 5 Плус Фамилијата (Facebook, YouTube и Instagram), се наведува во соопштението.

Покрај сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, дел од оваа иницијатива ќе бидат и други јавни личности од земјава.

– Сите тие ќе ги раскажат своите омилени, или пак ќе ги споделат приказните за личностите коишто нив ги инспирирале да не се откажуваат од своите соништа и да бидат истрајни до исполнување на зацртаната цел, посочуваат од Кабинетот на претседателот.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат