Граѓани не можеле да добијат стоматолошка услуга, за Филипче тоа е недозволиво и најави инспекциски надзори

Од:

Граѓани со забоболки и отоци не можат да направат интервенција на забите бидејќи се затворени приватните стоматолошки ординации каде се лекувале. Дел од нив, услуга не можат да ја добијат ниту во јавните ординации, со образложение од вработените дека не ги вклучуваат инструментите за работа, односно, не пломбираат, не лекуваат заби, туку даваат само инјекции за смирување на болка доколку пациентот ја има. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од утре Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе провери дали има пропусти и зошто пациентите не се третирани, бидејќи според него одлуката на Владата е јасна.

„Има одлука со која што секој пациент кој има инта потреба, мора да биде примен во ординација и да биде саниран. Не да се даде лекови, туку да се направи стоматолошка интервенција. Ќе зборувам со ДСЗИ да се провери оваа работа. Отворена е и Клиниката за стоматологија 24 часа и таму има дежурна екипа“, посочи министерот Филипче.

Тој повтори дека приватните ординации беа затворени бидејќи стоматолозите биле најизложени на пренос на коронавирусот, но најави дека мерката ќе биде модифицирана.

„Комисијата за заразни болести работи со групи и компании, ќе се модифицира оваа мерка. Секој што бара стоматолошка услуга, мора да ја добие, но ќе направиме проверка преку инспекторатот“, додаде Филипче.

Во сите државни стоматолошки ординации кои работат изминатиот период, евидентно е дека има гужви, а тешко се доаѓа и до термини. Дел од вработените, се жалат дека немаат ресурси, па затоа, наместо интервенција, можат да направат само преглед и да се дадат лек за смирување на забот. Доколку пациентот нема итна потреба и се јавува на забар поради падната пломба од која нема болка, тогаш, тој за санирање ќе мора да почека до укинување на мерката со која се затвораат приватните ординации.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи