Фич: Светот оди во досега незабележана глобална економска рецесија

Од:

Светскиот бруто домашен производ (БДП) се прогнозира да опадне за 3.9 проценти во 2020 година, пад кој е досега незабележан во повоениот период, соопшти рејтинг агенцијата „Фич“.

Според експерти од оваа агенција, причината за таквиот пад се воведените ограничувања поради пандемијата на коронавирус, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Како резултат на тоа, светот го очекува економска рецесија досега незабележана во текот на цела повоена историја. Оваа рецесија, меѓу другото, ќе биде двапати посилна и од онаа за време на кризата во 2009 година.

-Тоа е двојно повеќе отколку што се наведуваше во нашата последна прогноза објавена на почетокот на април и таа ќе биде двојно посилна отколку рецесијата во 2009 година, се вели во извештајојт на „Фич“.

Се прогнозира дека БДП во еврозоната во 2020 година ќе се намали за 7 проценти, додека БДП на САД ќе оди во минус 5.9 проценти.

Би можело да ве интересира

Русија влезе во рецесија

А1он

Светските берзи се нестабилни, растат ризиците од рецесија

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска