Се гради звукозаштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола

Од:

Јавното претпријатие за државни патишта почна со подготвителни градежни работи за изградба на заштитна ограда на сообраќајната обиколница кај Битола.

Цел на проектот, кој долго време се најавува е да се зголеми безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот и на локалното население кое живее во непосредна близина на магистралниот пат Прилеп-Битола-Ресен, истакна Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

–За реализација на проектот изработена е проектна документација за заштитна ограда на обиколница Битола со вкупната должина на обиколницата од осум километри. Со поставувањето на звукозаштитни и заштитни бариери ќе се обезбеди сигурно и безбедно одвивање на сообраќајот на овој потег, нема да се оставаат или фрлаат отпадоци на обиколницата и таа ќе биде безбедна и со нов модерен лик почнувајќи од тунелот и вдолж магистралниот пат на кој често минуваат пешаци, посочи Груевски.

Би можело да ве интересира

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола