Еден од последните крузери пристигна во Џенова

Од:

Италијанскиот крузер „Коста Делициоса“, еден од последните што беа на море од избувнувањето на пандемијата на вирусот Ковид-19, е закотвен на брегот на Џенова, последната станица по 15-неделно крстарење.

Околу 110 патници, со потекло од Шпанија, Португалија и Франција, претходно се симнаа во Барселона, откако француските власти го одбија барањето за слегување на патниците на пристаништето Марсеј, иако, според италијанската компанија „Коста Кроциере“, во чија сопственост е крузерот, на бродот немало заразени.

Останатите 1.519 патници и 898 членови на екипажот, како што е најавено, ќе се симнат утре во Џенова.

Од почетокот на крстарењето, три лица го напуштија бродот поради здравствени проблеми, но ниту едно од нив не беше позитивно за вирусот Ковид-19.

Крузерот требаше да се врати во Венеција на 26 април, од каде тргна на патување на 5 јануари.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски