А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Гостивар почна акција за прибирање на лаптопи, мобилни телефони и таблети

by А1он21/04/2020 - 18:37782
Share0

Асоцијацијата на младински организации од Гостивар започна со кампањата за донирање на електронски апарати за ученици од социјално загрозени семејства. Со донирањето на вакви уреди, на младите сограѓани ќе им се овозможи да следат он лајн настава.

Добивај вести на вибер

Асоцијацијата на младински организации акцијата ја спроведува во соработка со локалната самоуправа од каде неодамна информираа дека во општина Гостивар околу 800 ученици се надвор од образовниот процес.

– Овој невидлив непријател ги погоди сити. Ги погоди образованието и образовниот процес. Иако поголемиот број на ученици имаат можност да ја следат наставата преку интернет, сепак има и такви кои заради социјалната положба се надвор од образовниот процес повеќе недели. Од тие причини ние апелираме до нашите сограѓани, компании и иселеници да ги донираат лап топите телефоните и таблетите кои не ги користат и на тој начин да станат дел од остварувањето ан сонот на учениците, рече Влора Демири од Асоцијација на младински организации.

Кампањата и активностите започнаа денеска и ќе трае до четврток. Уредите, може да се донесат во седиштето на општината, од 11 до 14 часот каде ќе се евидентира секој уред. До крајот на неделата ќе биде познато и кои семејства ќе добијат некој од апаратите.

donaciigostivar

Би можело да ве интересира

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски13/10/2025 - 08:4913/10/2025 - 08:49

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он11/10/2025 - 14:1611/10/2025 - 14:20

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он11/10/2025 - 08:26

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ29/08/2025 - 15:5829/08/2025 - 15:58

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија

Горан Наумовски27/07/2025 - 16:42

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Горан Наумовски28/06/2025 - 15:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен