Бројките на хоспитализирани и на смртни случаи продолжуваат да се намалуваат во Белгија

Од:

Белгискиот кризен штаб за коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа се хоспитализирани дополнителни 172 пациенти со дијагноза на Ковид-19 и дека веќе неколку дена бројот на нови хоспитализирани останува под 200, јави дописничката на МИА од Брисел.

Сличен тренд на намалување бележи и бројот на починати, во последните 24 часа починале 170 лица. Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата во Белгија сега изнесува 5.998 лица.

Направени се нови 5.214 тестови од вчера, од кои 973 се позитивни.

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Белгија изнесува 40.946, информираа епидемиолозите од кризниот штаб.

Белгиската влада сега подготвува излез од рестриктивните мерки, со почеток од трети мај, доколку до тогаш остане ситуацијата стабилна.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски