Пласман во полуфиналната рунда од ЛЕ обезбедија португалскиот претставник Бенфика, турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите Челзи и швајцарски Базел.
На натпреварот одигран во Рим, фудбалерите на Лацио не успеаја да ја анулираат негативата од 2 гола која што ја заработија во Истанбул, откако на Олимпико одиграа само 1:1 против Турскиот претставник, Фенербахче и се елиминирани од Лигата на Европа.
На вториот натпревар одигран во Англија, екипата на Њукасл на Сент Џејмс Парк ремизираше против Бенфика (1:1) што не беше доволно за пласман во наредната фаза по поразот во Поругалија од 3:1.
Натпреварот помеѓу Базел и Тотенхем заврши со резултат 2:2 и по изведувањето на пеналите Базел се пласира во полуфиналето.
Резултати, 1/4 финале Лига Европа:
Рубин – Челси 3:2
Лацио – Фенербахче 1:1
Њукасл – Бенфика 1:1
Базел – Тотенхем 2:2 (ет)