Eвропски парламент: Луѓето од Западен Балкан треба да имаат корист од фондовите на ЕУ

Од:

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ја усвои препораката на хрватскиот европратреник Тонино Пицула за Западен Балкан во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан 2020, јави дописникот на МИА.

Препораките беа усвоени со 58 гласа „за“, 7 „против“ и 5 „воздржани“. Тие ќе бидат доставени и треба да бидат потврдени на пленарна сесија од Европскиот парламент на една од следните сесии.

-Во извештај е јасен знак за поддршката на Европскиот парламент на аспирациите и напорите на земјите од Западен Балкан да станат членки на ЕУ, откако ќе се исполнат сите критериуми. Исто така е тој е јасен знак дека ние општо го поддржуваме продолжувањето на процесот на проширување, бидејќи тоа е една од најуспешните политики на ЕУ. Политиката за проширување е исто така предуслов за промовирање на присуството на ЕУ и нејзиниот стратешки интерес за Западен Балкан, така што проширувањето треба да се сметаа дека е од на заеднички интереси, изјави известувачот на ЕП Тонино Пицула (Социјалисти и демократи)

Европратениците сметаат дека целосното членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ е крајната цел, тие се против намалувањето на фондовите за претпристапната помош и сметаат дека треба да се направат напори за решавање на билатералните прашања во регионот.

Односно, тие сметаат, дека да се остави отвроена вратата на ЕУ за земјите од Западен Балкан е од сопствен политички, безбедносен и економски интерес на Европската унија.

Европратениците од Комисијата за надворешни работи, понатаму велат дека ЕУ треба да обезбеди дека нејзината методологија за проширување ги поддржува реформите и го одржува полноправно членство како крајна цел за земјите кандидати

-Одлуката за отворање разговори за пристап со Северна Македонија и Албанија беше во политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ, велат европратениците.

Тие, исто така, ја повикуваат ЕУ што поскоро да му даде визна либерализација на Косово, како и да ги вклучи тесно претставниците на земјите од Западен Балкан во заедничките европски иницијативи (на пр. секторските политики и програми) пред нивното пристапување, во што се подразбира и Конференцијата за иднината на Европа.

Европратениците бараат од ЕУ треба да обезбеди реформите во Западен Балкан да се фокусираат на градењето на државните капацитети, спроведувањето на судските пресуди, судските реформи и напорите за борба против корупцијата и организираниот криминал. ЕУ, според нив треба се повеќе да се вклучи во решавање на билатералните прашања во регионот, промовирање на добрососедски односи и регионална соработка.

Европратениците се спротивставуваат на секое намалување на финансирањето на претпристапната помош, бидејќи тоа може да ги забави реформите поврзани со ЕУ.

-ЕУ треба да даде приоритет на специфични проекти во корист на луѓето од Западен Балкан и да обезбеди претпристапното финансирање да се распредели на транспарентен, пропорционален и недискриминаторски начин, засновано врз индикатори за успешност што го мерат напредокот на земјите-кориснички во спроведувањето на реформите, се вели во препораката на Комисијата за надворешни работи на ЕП.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија